Незваничното формирање на група граѓани кои ги обединуваше идејата за семакедонско единство почна со собири во ресторанот ,, Маркови Кули ,, на Градски Базен Прилеп и тоа негде од 1998 год.
На состаноците се роди идеата да се прават семакедонски собири . Се постави прашањето за датумот на кој треба да се собираме и по некој повод. Се утврди дека личност која може да не обедини е Гоце Делчев и се одлучи да се направи семакедонска средба со чествување на денот на неговото раѓање 4-ти февруари.
Првиот собир се организира во 1999 со свечена академија во Народниот Театар за која пригода театарот организира и претстава.
Овие собири почнаа да се организираат традиционално секоја година . На денот на раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев беа поканувани и присуствуваа сите преставници на македонските организации од Егејскиот дел ,Пиринскиот дел ,Албанскиот дел и дијаспората . Полека ова чествување доби и свои содржини . Покрај чесетувањето кое се одржуваше, некогаш во театарот ,,Војдан Чернодрински ,, некогаш во Домот на Културата ,,Марко Цепенков,, некогаш во Ресторанот ,,Маркови Кули,, за покасно да почни да се шири и во други Градови како Битола и Скопје каде сто се организираа и тематски конференции.Честувањето обично се одржуваше два до три дена зависно во кој ден паѓаше четврти февруари . Еден ден се одеше на гробот на Гоце Делчев, еден ден беше свечената академија на која покрај рефератот за Гоце Делчев ,обавезно стоеше темата на дневен ред –положбата на македонците во соседните земји и нивната борба за своите права,на која тема земаа учество со свои излагања сите преставници на македоските организации од околните земји и дијаспората.
Содржината на ова честување по неколку собири се збогати и со традиционален собир на сите директори на научни институти и самостојни истражувачи на кои собири беше поставувана тема од областите на македонската историја,јазик и култура.
Собирите од година во година беа се помасовни .
Семакедонскиот собир по повод денот на раѓањето на Гоце Делчев ,прерасна во една глобална семакедонска конференција за прашања од македонскиот национален идентитет,историја ,писменост и култура.
Осум години овие собири се организираа од независна ,непартиска и нерегистрирана граѓанска иницијатива од десетина луѓе и тоа од различни партии и невладини организации.
Неформално име на граѓанската иницијатива беше : Граѓанска иницијатива за македонското национално единство. Зборот ГРАЃАНСКА заедно со зборот НАЦИОНАЛНО ги бунеше многу посматрачи . Но двата збора во една реченица во овој случај имаа големо единство. Имено,треба да се прави разлика меѓу држава и народ . Македонскот народ е граѓанин на сите околни држави како и во сопствената држава . Националното право е дел од граѓанското право на секој поединец во секоја држава.
Македонците како граѓани на државите во кои се најдуваат имаат граѓанско право да се борат за своите национални права.
Значи граѓанската иницијатива беше подржана од сите македонци граѓани на соседните земји и дијапората.
Се појави потребата да се направи регистација на оваа организација за кое се направи работно тело кое заседаваше скоро два месеци и кое го изработи статутот на организацијата .
Организацијата се именува како
Граѓанска Иницијатива за Национално културна и Европска Интеграција на Македонскиот народ или скратено: граѓанска иницијатива „не-има “
Регистрацијата на организацијата во централен регистер се направи во 2008 година . За претседатал беше назначен Борис Темоски и за организациски одбор кој истовремено беше и оснивач во кои членуваа: Тренчо Димитриески,Гоце Костоски ,Илија Николоски, Горан Неделкоски,Влатко Караџоски и Илија Ристески.
На овие собира беа бележани сите проблеми на македонските организации од околните земји и дијапората и беа изработени проекти за помош во борбата за оставарување на нивните национални права како образование, култура и др.
За таа цел овие проекти се поднесува до Локалните самоуправи, Министерствата за надворешни работи и култура како и до Владата на Р.Македонија.
Некои проекти успешно се реализираа со партнерски однос со министерството за надворешни раоботи за кој дел средства обезбедуваше министерството за дел Не-има од сопствени извори.
Со овие проекти ,се организираа курсеви по македонски јазик во земјите каде не му беше дозволено во државите да го изучуваат својот мајчин јазик како Грција,Албанија ,Гора Косово,Србија ,Бугарија како и Турција.
Се остварија некои проекти и со локалните самоуправи од Прилеп и Битола од областа на Семакедонски конференции за македонскиот јазик ,култура и писменост на која учествуваа сите македонски научни институти и независни истражувачи.
Од самиот почеток на организацијата 1999 год . до денеска редовно се одржуваше семакедонското чествување на денот на раѓањето на Гоце Делчев.
А од 2008 год. секоја година се спроведуваат проекти во Р.Македонија ,во околните земји и дијаспората за остварување на националните права на македонците .
Се остварија проекти во Р.Албанија каде се отворија 11 школи по македонски јазик во различни места и тоа во Тирана ,Каваја ,Корча,Елбасан,Драч ,Голо Брдо и Гора.
Школи по македонски јазик се отворија и во Грција, и тоа во Солун и Воден.
Бугарија и покрај обуката на наставен кадар во Прилеп со проектот ,,Народни Учители,,не се успеа да почни со работа школата по македонски јазик ради притисок од званичната Бугарска Држава.
Со заеднички проект со друштвото на македонците од Сплит Р.Хрватска се направи летна школа по македонски јазик ,каде присуствуваа покрај деца од Хрватска и деца од Албанија и Грција во Шолта ,тоа е остров кај Сплит.
Летна школа по македонски јазик ,се одржа и на приморскиот град Каваја, Албанија односно поточно во Мали Робит каде во летен камп покрај море се изучуваше македонскиот јазик од деца од повеќе места од Албанија,како од Голо Брдо,Гора ,Тирана,Каваја, Драч, Елбасан идр. Школата ја посети и амбасадорот на Р.Македонија во Албанија Веле Трпески.
Како голем успех на активноста на Не Има можедасенагласипомоштаодНе-имаворегистрирањетонаорганизацијавоВоден, Р.Грцијакакокултурнаневладинаорганизацијазаизучувањенамакедонскиотјазик и културакојаорганизацијаиздаде и својвесниксодвојазичнинатписинаМакедонски и Грчкијазик.
Исто така со проекти се направија посети на играорни и фудбалски екипи и тоа во Грција –Лерин ,Албанија –Пустец и Турција Измир. На овие спортски и кутурни средства учествуваа играорни групи и спортски екипи составени од македончиња од соседните држави .
Најмасовен спортски и културен собир се одржа во 2005 годјина насловен како ДИОНОВИ ИГРИ на кои имаше и спортски и културни содржини . На плоштадот во Прилеп имаа културен настап македонските играорни групи од Грција,Бугарија,Албанија,Србија,Хрватска, Гора Косово ,Турција итн.
А на спорските комплекси во Прилеп со одржува семакедонски натпревари во фудбал, ракомет ,атлетика,пливање итн.
Оваа манифестација имаше амбиција да прерасни во СВЕТСКИ СЕМАКЕДОНСКИ ИГРИ И ПРВЕНСТВА ВО ПОВЕЌЕ СПОРТОВИ. Вакви игри имаат ЕВРЕИТЕ наречени СВЕТСКИ ЕВРЕЈСКИ МАКАПСКИ ИГРИ.
Посебно се пројави интерес за идејата за СВЕТСКО СЕМАКЕДОНСКО ФУДБАЛСКО ПРВЕНСТВО која идеја ја поднесовме до Владата на РМ за партнерска организација која за жал ни беше само украдена ,за до следната година во Охрид се организира Семакедонски турнир во фудбал во организација на Владата На Р.М. а кој турнир се организира само една година и не се повтори.
Проект поднесен до владата на Р.М во 2012 година ,кој заслужува внимание е Проектот за формирање на РАБОТНО ТЕЛО ЗА ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ГРАДЕЊЕТО НА НАЦИОНАЛНАТА СТРАТЕГИЈА ПОВРЗАНА СО ИСТОРИСКИОТ КУЛТУРНИОТ ЈАЗИЧНИОТ ИДЕНТИТЕТ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВО Р.МАКЕДОНИЈА, ОКОЛНИТЕ ЗЕМЈИ И ДИЈАСПОРАТА.
Во кој беше предвидено да се формира работна група составена од преставници од научните институти и независни истражувачи.
Имено ,извршниот одбор на Не-ИМА направи проценка дека на ова поле ке имаме проблеми со соседните држави и пред политиката да земи да ги рашава овие проблеми ,треба да се пренасочи проблемот со македонскиот идентитет што го имаат соседните држави посебно Грција и Бугарија на научно поле . За таа цел овој проект беше за научно зајакнување на позициите на македонската држава и народ по прашањето за македонскиот национален идентитет,историја ,култура и јазик.
ПрезентацијатанаовојпроектбешеорганизиранавопросториитенаМинистерствотозанадворешниработикоегопретставувашезаменикотминистерЗоранПетров. На состанокот беа присутни и директорите на националните институти или нивни преставници , Како др-Тодор Чепреганов –директор на институтот за национална историја ,Др-Владимир Карџоски претставник на институтот за Старословенска култура,Паско Кузман директор на заводот за заштита на спомениците од културата,Др.Веселинка Ламброска директор на институтот за Македонски Јазик,како и независни истаражувачи како др .Тентов ,прод. Маргарита Китан Иваноска, архитект Илија Ристески како и претставник на кабинетот на Претседателот Виктор Габер и пратеникот од Австралија.....
За жал овој проект беше и званично одбиен со допис од Владата до НЕ-ИМА со потпис на тогашниот секретар Кирил Божиноски.
После 2015 год . Активноста на НЕ-ИМА се намали и сведе само на една манифестација а тоа е Семакедонскот Чествување на Гоце Делчев кое се одржува традиционално секоја година на 4-ти Февруари.